Од 15 јуни корисниците кои имаат Мкард нема да може да поминуваат на лентите на МТАГ на патарините.
– Со наведената измена, вршењето на наплата со „МКард“ на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат „МКард“ ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.




