Западна Европа ги живее најтоплите денови во мај досега. Се очекува живата во термометарот да достигне и до 40 степени, иако календарски сеуште не е почнато летото.
Топлото време се чувствува и кај нас. За денеска синоптичарите најавуваат дневни температури до 34-тиот степен.
Претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне се најавува краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а дневните од 29 до 34 степени.
Во Скопје, минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во четврток на повеќе места се најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Веќе од петок се очекува преодно стабилизирање на времето.
Западна Европа




