дома Култура ДПМ избира ново раководство

ДПМ избира ново раководство

Друштвото на писатели на Македонија денеска избира нови членови на Управниот одбор и претседател поради истекување на мандатите.

Редовното изборно собрание ќе биде од хибриден карактер односно активните членови ќе можат да учествуваат со физичко присуство, но и по електронски пат.

На конкурсот за претседател што го објави ДПМ како единствен кандидат е пријавена Гордана Јовиќ-Стојковска – романописец, раскажувач, поетеса, преведувач и книжевен критичар, творец на дела на македонски и на српски јазик, поранешна претседателка на Македонска книжевна младина.

ПредходнаСончево и топло со температури до 31 степен
СледнаБројот на сомнителни случаи на ебола во Конго се искачи на 1.028