дома Македонија Деаноски: Кога синдикатот е премногу гласен за правата на работниците, „луксуз“ стануваат...

Деаноски: Кога синдикатот е премногу гласен за правата на работниците, „луксуз“ стануваат синдикалните игри

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски кој речиси четири дена е во фокусот на прес-конференциите на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска му одговори.
– Да се разбереме народски! (Иако знам дека ќе биде џабе!!!)
На настанот во Црна Гора се одржаа синдикални спортски игри, 31-ви по ред што ги организира Синдикатот на УПОЗ, кои од сопствен џеб ги плаќаат учесниците. Игри на работниците, платени од работниците, за работниците.
Ништо тајно, ништо луксузно, ништо скриено. Ама ете, кога синдикатот ќе стане премногу гласен за правата на работниците, за минимална плата, за живот што станува сè поскап, е тогаш одеднаш „луксуз“ стануваат дури и спортските игри. Интересно?, пишува Деановски во објава на Фејсбук.
Деановски најавува дека синдикатот на УПОЗ ќе продолжи да се бори за достоинствени плати и за чесни услови на работниците.
– Кога работниците плаќаат за своите игри одеднаш проблем.
Кога работниците плаќаат за политичарите тогаш е добро.
Тоа е разликата. И уште еднаш, народски кажано. Кога некој зборува од позиција на имунитет, лесно е да се лаже и измислува. Синдикатот на УПОЗ ќе продолжи да се бори за достоинствени плати, за чесни услови, за работникот да не биде последен во сопствената држава. А кој се плаши од таа борба, нека објаснува што сака. Работниците многу добро знаат кој е со нив, стои во објавата на Фејсбук.
ПредходнаДеветнаесетгодишник на мотор загина во сообраќајка во Скопје
СледнаЗаконот за заштита од пушење во вторник на Влада, Мицкоски уверува дека нема да има пардон за никој