дома Локално Топло со температури до 33 степени, попладне наместа дожд

Топло со температури до 33 степени, попладне наместа дожд

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува сончево и топло време со дневни температури од 24 до 33 степени. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината се најавуваат услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде релативно топло. Претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд.

ПредходнаТрамп испрати контрапредлог до ајатолахот Хамнеи
СледнаВојната ја парализираше руската економија. „Сигурен пат кон банкрот“