дома Свет Италија погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени

Италија погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени

И  Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Италија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море покрај брегот на Калабрија на југот од земјата, на длабочина од 240 километри.

Според италијанските медиуми, потресот бил почувствуван и во Неапол и неколку општини во областа на Везув, особено во областите што граничат со Калабрија, но и во Апулија и Сицилија.
На некои места, жителите излегоа на улиците и почнаа да се јавуваат во регионалните служби за цивилна заштита и противпожарна заштита, првенствено за информации, според Анса.
Регионалниот оперативен центар за цивилна заштита почна да контактира со сите градоначалници во областите најблиску до епицентарот, но не се пријавени штети.
Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Грција.

ПредходнаФТ: Инфлациски шок од војната во Иран се очекува да биде под нивоата од 2022 година
СледнаУсвоен Законот за статусот на потомците на династијата Петровиќ Његош, други спорни формулации