дома Македонија Савески до власта – сиромашно обвинителство не може да се бори со...

Савески до власта – сиромашно обвинителство не може да се бори со богат криминал

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска со порака до власта – сиромашно јавно обвинителство не може да му се спротивстави на богатиот криминал. Савески како прв човек на правосудниот систем ја повика извршната и законодавната власт да покажат вистинска волја и да му овозможат финансиска поддршка на Јавното обвинителство.

 

– Без финансиска поддршка ние го даваме својот максимум да се избориме, меѓутоа резултатите не можат да бидат како што очекуваат граѓаните доколку за тоа нема сериозна финансиска поддршка. Таа порака и во оваа пригода ја упатувам до извршната и законодавната власт што мора навистина да покаже волја да овозможи функционирање на Обвинителството во реална смисла, рече Савески.                                                                   Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега изјави дека нема финансиски средства ако нема резултати.

 

ПредходнаПуштен во употреба нов затворен базен во Карпош наменет за најмладите
СледнаАкција на финансиска полиција, претрес во домот на Стефан Богоев