дома Македонија Акција на финансиска полиција, претрес во домот на Стефан Богоев

Акција на финансиска полиција, претрес во домот на Стефан Богоев

Финансиска полиција спроведува акција за наместен тендер во Царинската управа. Според дел од медиумите, се вршат претреси на неколку локации меѓу кои и домот на поранешниот прв човек на Царинската управа и поранешен градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ Стефан Богоев.

Дел од медиумите објавија дека тој е приведен но засега нема официјална потврда.

Screenshot

Акцијата се спроведува во соработка со Обвинителството.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

ПредходнаСавески до власта – сиромашно обвинителство не може да се бори со богат криминал
СледнаИванишевиќ осомничен за затајување данок од 1.200.000 евра!