дома Култура Народен театар Охрид одбележува15 години постоење

Народен театар Охрид одбележува15 години постоење

  Со двојна премиера на претставата „Оркестар титаник” од авторот Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветановски, Народниот театар од Охрид ќе прослави петнаесет години постоење како дел од Центарот за култура „Григор Прличев” – Охрид.

Народен театар Охрид слави 15 години постоењеАктери кои играат во претставата се: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Верица Недеска, Филип Кипровски и Томе Станковски. Костимите и сценографијата се на Сергеј Светозарев.

За претставата и јубилејот, режисерот Цветановски ќе рече: „Надежта е основна категорија на човековото постоење. Она што не издвојува и на прави луѓе. Ако немаш надеж, ништо не си. Овие луѓе живеат на напуштена железничка станица и сонуваат за својот воз, за својот брод, за својот излез, за своето постоење. Низ таа потрага тие наоѓаат нешто што го имаат заборавено – сопственото јас и за што постојат овде. Со оваа премиера се прославува 15 години од формирањето на театарот.

На 3ти  јуни ќе се случи 46ти пат да се отворат вратите за нова претстава која охридската публика ќе ја погледне за прв пат. Се надевам се гледаме на прославата за 30 години формирање. Да живее театарот!“

Претставата покрај денеска, охридската публика ќе може да ја погледне и во петок, на 5 јуни со почеток во 20:00 часот.

ПредходнаАракчи разговараше со министрите за надворешни работи на шест земји
СледнаЃорѓиевски од Брисел: Интеграцијата во ЕУ останува стратешки приоритет на Македонија, а општините имаат клучна улога и во евроинтеграцискиот процес