Државниот јавен обвинител Ненад Савески принципиелно стои зад одлуката на обвинителката која ја запре истрагата за набавката на мазутот во ТЕЦ Неготино. Савески вели – подобро да се запре истрагата, отколку да се поднесе обвинение и потоа тоа да заврши со ослободителни пресуди.
– Ми беше чудна и реакцијата на политичарите. Сметам дека подобро е да ја запре истрагата, отколку да поднесе обвинение, па тоа обвинение да заврши, да речеме, со ослободителни пресуди“, рече Савески.
Во меѓувреме тече рокот од 30 дена во кој Вишото јавно обвинителство Скопје ќе треба да се произнесе за приговорот од Државни електрани по што ќе се знае дали истрагата ќе се реотвори или предметот ќе остане затворен.
Савески не откри кај кој виш јавен обвинител е предметот, но дел од медиумите објавија дека се работи за Јован Цветановски, кој беше под суспензија за можни неправилности во распределбата на предмети.
Обвинителството за организиран криминал ја прекина истрагата за мазутот поради немање доволно докази.
дома Македонија Савески за истрагата за мазутот: Подобро запрена истрага отколку обвинение кое би...




