
Ова соопштение доаѓа во време на исклучително затегнати односи меѓу Трамп и Северноатлантскиот договор, кои беа дополнително продлабочени со американското започнување војна во Иран.
„Мислам дека претстојниот состанок на НАТО во Турција во јули е веројатно најважниот состанок во историјата на алијансата, бидејќи има некои работи што треба да се разјаснат и поправат“, рече Рубио.
Трамп жестоко го нападна НАТО, навести можно повлекување на САД од алијансата
Да потсетиме дека во април, Трамп го нарече овој 77-годишен воен сојуз „хартиен тигар“ и отворено сугерираше дека САД би можеле да размислат за повлекување од НАТО.
Ова се случи откако земјите-членки го игнорираа неговиот официјален повик за воена помош во операциите за повторно отворање на стратешки клучниот Ормутски Проток. Протокот, низ кој минува една петтина од светската нафта, беше затворен од Иран по нападите на САД и Израел кон крајот на февруари и почетокот на март.




