дома Свет Балкан Дојава за бомба на аеродромот во Софија

Дојава за бомба на аеродромот во Софија

Дојава за поставена експлозивна направа била примена на аеродромот во Софија. Активиран е стандардниот оперативен план за вакви кризи. Не е спроведена евакуација на патниците, но аеродромот функционира под засилени мерки за безбедност.
Според информациите на бугарското Министерство за внатрешни работ, во текот на денот пристигнале голем број заканувачки електронски пораки за поставени бомби во различни државни институции во повеќе градови низ земјата.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот, а надлежните продолжуваат со интензивна истрага за откривање на изворите на заканите.

ПредходнаШарапова се врати на Ролан Гарос, нејзината облека беше тешко да не се забележи
СледнаНејзината прошетка на писта стана хит на социјалните мрежи, сега можеше да заработува илјадници евра дневно