дома Магазин Ова е невозможно“: Три недели по породувањето, „влезе“ во бикини и ги...

Ова е невозможно“: Три недели по породувањето, „влезе“ во бикини и ги воодушеви фановите ширум светот

Дилета Леота го роди своето второ дете, момче по име Леонардо, пред помалку од еден месец, а веќе ги импресионираше сите на социјалните мрежи со својот изглед.

Познатата водителка, Дилета Леота, стана мајка по втор пат. Заедно со нејзиниот партнер Лорис Кариус, таа доби син пред помалку од еден месец, а среќната вест веднаш ја објавија родителите на социјалните мрежи.

Таа ги импресионираше сите со својот изглед додека сè уште беше во породилното одделение, а сега, три недели по породувањето, Дилета покажа неколку семејни моменти, како и завидна фигура во бикини.

На едната од фотографиите, Дилета позираше во бел костим за капење, опкружена со деца, додека на другата имаше комплет, топ и панталони, па сите видоа дека убавата водителка изгледа речиси исто како и пред бременоста.

Вистинското изненадување беше во следната објава, кога водителка позираше во црно бикини.

Дилета Леота повторно ги остави своите следбеници во восхит, но предизвика и мала доза на љубомора кај многумина со оглед на тоа што толку брзо се врати на својот стар изглед.

„Како никогаш да не си родила“, „Ова е невозможно“, „А сега си најжешката водителка“, „Едноставно совршена“, „Каква секси мајка“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.

ПредходнаФИФА има непријатно изненадување за навивачите на Светското првенство
СледнаКако би изгледала Југославија на Светското првенство? Англичаните составија список во кој ставија и двајца Македонци