дома Свет Утре средба Макрон, Мерц, Стармер и Зеленски

Утре средба Макрон, Мерц, Стармер и Зеленски

 Претседателот на Франција, британскиот премиер и германскиот канцелар в недела во Лондон ќе се сретнат со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти   Елисејската палата.

На средбата ќе се разговара за поддршката на Украина и за засилување на притисокот врз руските воени напори, како и за постигнување на праведен и траен мир во Украина и на европскиот континент, особено во рамките на Коалицијата на волјата.

Емануел Макрон, Кир Стармер и Фридрих Мерц пред средбата со Зеленски ќе имаат трилатерална средба.

ПредходнаНа Меѓународната вселенска станица санирано истекување на воздух
СледнаЛајка-Фест во Градски парк, дводневен настан посветен на вдомување, одговорно сопствеништво, едукација и заедништво меѓу граѓаните и животните