дома Локално Мицкоски убедува дека здравствената состојба на Лукровски барала да мирува наспроти лекарската...

Мицкоски убедува дека здравствената состојба на Лукровски барала да мирува наспроти лекарската комисија која оценила дека требе да оди на работа

Каде е Лукровски  одговараше денеска премиерот Мицковски на новинарски прашања поврзани со континуираното отсуство и боледувањето на градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски.

Иако лекарската комисија примила документација и оценила дека градоначалникот требало да се врати на своите работни обврски уште на 30 мај, тој сè уште не е на работното место. Ова отвори сомнежи во јавноста за можна злоупотреба на правото на боледување.

На прашањето дали ваквото отсуство претставува злоупотреба и како го коментира политичкиот контекст – дека граѓаните на Карпош на избори гласале за Лукровски да ја раководи општината, а не нејзиното водење да биде препуштено на член од Советот – премиерот одби директно да ги коментира медицинските наоди.

Тој за разлика од полседниот паат кога го прашуваа каде е неговиот градоначалник велеше дека политичките глодари се ситат на неговата здравствена состојба, овојпат помек.

„Јас како што знам Сотир Лукровски е градоначалник на Карпош, здравствената состојба е таква каква што е и бара мирување и се надевам дека се ќе биде во ред и да се врати на редовно завршување на работите“, одговори премиерот.

Според Законот за локална самоуправа, граѓаните на непосредни избори го избираат градоначалникот како извршен орган кој ја менаџира општината. Кога градоначалникот е подолготрајно спречен да ги извршува своите функции (на пример, поради болест), неговите должности привремено ги презема заменик градоначалникот. Овојпат тоа е советникот од ВМРО ДПНЕ Неделчо Крстевски, кој беше човек во сенка на Коце Трајановски, а секако му беше и во сенка на претходниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски. ВАжи за послушен извршител на партијата, а на последната промоција на базенот во општина Карпош премиерот Мицковски го ослови со градоначалник наместо со в.д или заменик.

 

 

ПредходнаИако носеше накит вреден 700.000 долари, сите гледаа во фустанот на Дуа Липа.
СледнаЦрна Гора доби зелено светло за членство во ЕУ во 2028 година