Два последователни земјотреси со јачина од околу пет степени според Рихтеровата скала го погодија денес грчкиот остров Евија, објави Геодинамичкиот институт во Атина.

Потресите беа почувствувани и во грчката престолнина, на околу 130 километри од епицентарот во северна Евија, објави Ројтерс.
Според првичните информации, нема извештаи за повредени, но се регистрирани одрони од карпи предизвикани од земјотресите.
Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека засега нема информации за поголеми материјални штети.




