дома Магазин Дневен хороскоп за недела, 17-ти септември 2023-та

Дневен хороскоп за недела, 17-ти септември 2023-та

66

ОВЕН
Работата нема да влијае најдобро на вас денеска, но ќе можете да го завршите најважниот дел од вашата програма. Размислете за вашето здравје, на кое му треба обовување. Во вашето семејство има разбирање и тоа ве прави посмирени. Имате силна интуиција, следете ја и нема да наидете на непремостливи тешкотии на вашиот пат.

БИК
Анализирајте ги фактите и проценете ги вашите можности за да го минимизирате ризикот во вашите активности денеска. Доследни на себеси, ќе се поштедите од непотребно внимание и грижа за луѓето кои нелојално се однесувале со вас. Контролирајте ја вашата завист, гнев и склоност да зборувате и кога другите не го бараат вашето мислење.

БЛИЗНАЦИ
Ги немате потребните информации, а додека не ги имате, сте спречени да донесете конечна одлука. Расположението ќе ви се подобри, а работите ќе се движат напред, за тоа ќе се погрижи доверлива личност со која имате зголемена комуникација. Промените во семејството ќе ве принудат да се прилагодите на нив.

РАК
Ќе се запознаете со нови информации кои ќе донесат поголема јасност во вашата работа. Одлуките ќе ги носите одговорно и на тој начин ќе ги спроведувате. Периодот е погоден и за самостојни настапи и за тимска работа. Ќе добиете повеќе отколку што сте се пазареле, што е причина за славење.

ЛАВ
Добро ги проценувате своите можности и нема без причина да барате поголема плата за вашата работа. Покрај тоа, ќе барате и нови начини за развивање на вашите интереси. Вашиот однос со личност со која имате силни емоции и чувства е на пат да се развие. Некои од вас ги очекува предлог за брак или некоја посериозна обврзаност.

ДЕВИЦА
Одвај нешто денеска ќе може да ви го расипе расположението. Што и да правите, успевате да ги балансирате работите за ништо да не остане недовршено и никој да не биде незадоволен. Ја добивате поддршката од вашите најблиски во однос на вашата идеја, но сѐ зависи од вас. Ќе бидете изненадени од однесувањето на личност од вашата околина.

ВАГА
Ќе добиете вредни совети во врска со вашата професионална иднина. Прифатете ги. Не ги носете вашите работни маки дома, поштедете ги нервите и душевниот мир на вашите најблиски. Грижете се за вашиот изглед така што ќе најдете време за себеси. Средба со блиски пријатели во вечерните часови ќе ве опушти.

ШКОРПИЈА
Прашањата од лична природа се однесуваат на многумина од вас денеска и ве прават несоодветни за работата. Доколку немате можност целосно да се посветите на нивното решавање, ќе ви биде многу тешко да го најдете балансот меѓу нив и другите ваши обврски. Добрите вести можеби ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ве натераат да ја погледнете ситуацијата посветло.

СТРЕЛЕЦ
Нема причина зошто денеска да не сте одлично расположени. Атмосферата во вашиот дом е мирна, вашите најблиски се срдечни и со разбирање за работите што ве засегаат. Успевате да ги испеглате недоразбирањата со блиската личност. Конечно го водите разговорот што долго време сакавте да го имате. Развојот на настаните го држите во ваши раце.

ЈАРЕЦ
Со толерантно однесување ќе добиете можност за претставувања коишто го зголемуваат вашиот авторитет. Погрешно е да мислите дека секогаш сте во право за сè. Дури и да е така, не го демонстрирајте тоа, за да не ја свртите околината против вас. Внимавајте во понудите на вашите партнери, сигурно ќе има нешто да научите.

ВОДОЛИЈА
Пред вас се силни настапи. Вашите деловни обврски ќе ви донесат задоволство и ќе ви дадат причини да бидете расположени. Вашиот авторитет како професионалец ќе се зајакне, почитта кон вас ќе расте и тоа ќе ви донесе популарност. Ќе бидете растргнати помеѓу интимната посветеност и вашето силно чувство за слобода.

РИБИ
Ве очекуваат радосни вести. Најверојатно, ова се пораки поврзани со вашиот бизнис. За многумина од вас доаѓа важна промена, која ќе се покаже како одлучувачка за вашиот иден развој. Бидете максимално концентрирани и дајте го најдоброто од себеси.



ПредходнаКривична пријава за обид за убиство, приведен маж од Арачиново
СледнаИсклучителни пера од Балканот од вечерва гости на ПРО-ЗА Балкан во Скопје