дома Македонија Политика СДСМ: „Твоја држава твоја шанса”: Наместо еднонасочни билети за странство, 5.000 достапни...

СДСМ: „Твоја држава твоја шанса”: Наместо еднонасочни билети за странство, 5.000 достапни станови за младите

Вистина е дека младите си заминуваат од Македонија, секој трет млад човек размислува да се исели од државата затоа што не гледа перспектива. Младите немаат пари да купат стан и да го започнат својот самостоен живот, се наведува во соопштението од СДСМ.

Платите не се доволни за достоинствен живот, а трошоците растат секој ден.

СДСМ има решенија за младите, во новата платформа нудиме шанса за секој млад човек.

-5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот.

-Укинување на данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан.

-Станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години.

Е тоа е правда. Младите да купуваат домови во Македонија, а не еднонасочни билети за странство.

Затоа што праведно е да добијат држава што ќе им даде шанса.

Твоја држава – твоја шанса.

Лин до видеото : https://youtu.be/l4u278KWd0w?si=sTGpogKWmowyEMPk
 

 

ПредходнаДЗР со неповолно мислење за финансиските извештаи на Албанскиот театар за 2024 година
СледнаЕУ: Дрогите се сè подостапни, и се поразновидни и убиствени