дома Македонија Муцунски од Софија: Добро е да разговараме и да ги расчистиме очекувањата...

Муцунски од Софија: Добро е да разговараме и да ги расчистиме очекувањата на двете страни

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски пред почетокот на Самитот на процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Софија изјави дека Македонија се соочува со непринципиелен застој во евроинтеграциите што носи негативни последици за двете држави.

– Затоа велам – добро е да разговараме и да расчистиме што се очекувањата од двете страни бидејќи, сепак, има еден силен билатерален елемент во сето ова. Тука се најголемите недоразбирања, рече Муцунски.

Изјави дека целта на нашата држава е не само да стигне до фаза на отворање на пристапните преговори, туку и успешно да ги заврши, а притоа да нема дополнителни барања поврзани со историјата, идентитетот, јазикот и други билатерални прашања.

Според неговото мислење, сите случувања меѓу двете држави во последните години прават вештачко двоење меѓу народите, затоа, како што рече, важно е да имаме поглед кон иднината и да не се врзуваме со прашања поврзани со минатото.

Денеска на маргините на Самитот с еочекува средбата на највисоко ниво меѓу претседателките на Македонија и Бугарија.

 

ПредходнаPKS: Белград повторно ќе биде домаќин на Wine Vision by Open Balkans од 10 до 12 октомври
СледнаНевреме во Македонски Брод и Кичево