Триесет и тригодишен маж од Карбинци силувал девојче додека престојувал кај нејзиното семејство и и пренесл заразна болест.
За случајот информира и Министерството за внатрешни работи од каде посочуваат дека осомничениот е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

– На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него,велат од МВР.




