Повредениот во пожарот во штипско е во добра здравствена состојба. Има изгореници на рацете и нозете и вдишил чад, информираа попладнево надлежните кои го посетија.
Пожарот избувнал во близина на неговата викендичка и за речиси пет минути поради силниот ветер се проширил.

Од Територијалната противпожарна единица во Штип велат дека пожарот е подметнат и нема никаква поврзаност со вчерашниот пожар затоа што според сведоштвото на повредениот до попладнево немало никаков чад.




