дома Локално Насобрани карпошани побараа слобода за Јакимовски: „Монтажната барака ја направи за да...

Насобрани карпошани побараа слобода за Јакимовски: „Монтажната барака ја направи за да заштеди пари“

Мала група граѓани вчера се собрале пред објектот во кој порано беше сместена Општина Карпош, во знак на поддршка за екс-градоначалникот Стевчо Јакимовски кој требаа да одлежи затворска казна од седум месеци. Една жена од присутните вели дека е изненадена од информациите дека Јакимовски би можел да биде приведен или осуден поради објектот кој се наоѓа зад нив. Друг учесник на протестот, пак, носеше шрафилица, која ја активираше кога се зборуваше за демонтирањето.

Насобраните, кои рекле дека се само мал дел од тоа што може да се соберат, тврдат дека конструкцијата може целосно да се расклопи и повторно да се постави на друга локација. Вели дека бараат да се стопира лудилото и Јакимовски да се ослободи.

-Оваа монтажна барака ја направи за да заштеди пари и да не плаќаат пари за кирија за престојот на администрацијата. Новата зграда е преубава со сопствени средства и заштедени. Го молам судството да се издигне над се и да се престане со малтретирањето за овој човек конечно да се ослободи, рече жената, меѓу другото, во својот говор.

Поранешниот градоначалник на Карпош ќе бара одложување на извршувањето на затворската казна, откако од Кривичниот суд информираа дека му е издаден упатен акт на 2 јули да се јави во затворот „Скопје“. Тој во завчерашната изјава за медиумите порача дека „оние што ја донесоа пресудата и што ја направија работата, се потрудиле во четвртокот да го добие упатниот акт за одењето во затворот“. Јакимовски вели дека некоректно што се уште нема добиено пресуда.

Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор за кривичното дело бесправно градење, во предметот поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош. Во казната му се пресметува времето поминато во куќен притвор од 19 март до 15 август 2019 година, поради што за издржување му остануваат околу седум месеци затвор.

Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената пресуда. Делот што се однесува на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување е вратен на повторно судење, додека казната од една година затвор за бесправно градење е потврдена.

ПредходнаЏенифер Лопез сподели бесно видео од прославата на победата на Никс
СледнаБез вода повеќе скопски улици