дома Македонија Црна хроника Полицијата затвори15 лица зад решетки: Сите возеле без дозвола

Полицијата затвори15 лица зад решетки: Сите возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди.

Пет лица во Тетово (двајца малолетници), тројца во Скопје, двајца во Прилеп (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Гевгелија, Зајас и Демир Хисар возеле без возачка дозвола. Еден од малолетниците во Тетово и уште еден друг возач претодно учествувале во сообраќајни незгоди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќа

ПредходнаБугарското МНР го повика в.д. амбасадорот на С Македонија во Софија за случајот со палењето на дипломатските возила
СледнаЃорѓиевски: Го вратив сјајот на фонтаните во Скопје