дома Македонија Владејачката ВМРО-ДПМНЕ слави 36 години постоење

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ слави 36 години постоење

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“ вечерва  владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ќе го одбележи 36-тиот роденден.

На стадионот Младост се очекува да се обрати лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски кој пред два дена во објава на Фејсбук напиша дека во изминатите 36 години имало и тешки моменти и големи искушенија, но дека денес се зборува за развој.

–  Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа. Денес гледаме напред. Денес зборуваме за развој, за економски раст, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерна инфраструктура, за подобро образование, здравство и институции кои работат во служба на граѓаните, напиша Мицкоски.

 

ПредходнаНајмалку едно лице загина во земјотрес со јачина од 6,7 степени во Индонезија
СледнаВајц го презентираше извештајот за Македонија: По Црна Гора и Албанија, земјата би можела да биде следната членка на ЕУ