Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ја увери Полска дека германските вооружени сили, Бундесверот, се подготвени да го бранат својот источен сосед .

Кога во интервју за германскиот радиодифузер Дојче Веле и полскиот радиодифузер ТВП беше прашан дали Полска може да смета на помошта на Германија во случај на руска агресија, Вадефул одговори: „Нема да се двоумиме ниту секунда“.
„Доколку биде нападната територија на НАТО – и во случај на сомнеж, тоа е само Русија – тогаш германските војници веднаш ќе го бранат секој сантиметар. Ова е обврска. И тоа е апсолутно јасно“, додаде тој.
Вадефул го нагласи блиското партнерство со Полска, што се одразува во воениот договор потпишан во среда. Двете земји, рече тој, имаат заедничка задача да ја бранат Европа од руската закана. „Ние сме заедно. И нема да дозволиме да бидеме поделени.“
Одговарајќи на загриженоста на Полска дека ќе биде исклучена од можните разговори со Русија за прекин на војната во Украина во рамките на таканаречениот формат „Е-3“ – составен од Германија, Франција и Обединетото Кралство – Вадефул рече дека овој формат нема да преземе ниту еден чекор без согласност на Полска.
Полска и Германија, исто така, имаат намера да соработуваат потесно во областа на развојот на воените капацитети и во одбранбената индустрија.




