дома Свет Трамп го потпиша договорот со Иран во Версај на вечера со Макрон

Трамп го потпиша договорот со Иран во Версај на вечера со Макрон

Американскиот претседател Доналд Трамп лично го потпиша меморандумот за разбирање со Иран, пишува новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, повикувајќи се на извори.

Според неговите информации, Трамп го потпишал документот за време на гала вечера во Версај, организирана од францускиот претседател Емануел Макрон.

Трамп го потпиша меморандумот за разбирање со Иран непосредно пред вечерата што ја организираше францускиот претседател Емануел Макрон во Версајскиот дворец.

Видео објавено од Белата куќа го покажува Трамп како ги потпишува документите на персиски јазик и го моли државниот секретар Марко Рубио да ѝ го предаде пенкалото на другата страна.

Копии од потпишаниот документ се испратени до Иран, како и до земјите-посредници.

 Документот ги одложува многу од најтешките прашања, како што е завршувањето на нуклеарната програма на режимот на ајатоласите.

Западните медиуми забележуваат дека по потпишувањето на меморандумот стапуваат во сила обврските преземени од Вашингтон и Техеран.

Војната меѓу Америка и Иран заврши.

 

Трамп го потпиша меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран во Версајската палата – истото место каде што во 1919 година претседателот Вудро Вилсон го потпиша Версајскиот договор, со кој заврши Првата светска војна , коментираше Си-Ен-Ен.

ПредходнаБундесверот ќе го брани секој дел од НАТО
СледнаРеконструкција или и предвремени избори