Сончево и топло ќе биде на првиот ден од викендот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 30 до 35 степени.

Во Скопје, утринската температура ќе биде до 15, а дневната до 35 степени.
Слично време ќе има и утре, а веќе од почетокот на новата работна недела во попладневните часови се најавува развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.




