дома Македонија Десет патници повредени во сообраќајка на патот Свети Николе – Куманово

Десет патници повредени во сообраќајка на патот Свети Николе – Куманово

Во сообраќајка меѓу комбе и камион на магистралниот пат Свети Николе – Куманово синоќа се повредени 10 лица.
Дел од нив се пренесени во Клиничката болница во Штип, а дел во комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје.
        Од Територијалната противпожарна бригада на Свети Николе информираа дека околу 21 часот интервенирале во спасување и извлекување на повредените.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи кое работи на утврдување на причините до кои дошло до несреќата.

ПредходнаКина е победник во војната меѓу САД и Иран
СледнаСиндикалната кошница во јуни 68.654 денари