дома Локално Сонце уште денес, од утре дожд

Сонце уште денес, од утре дожд

На вториот ден на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 29 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

ПредходнаПожарникар повреден при гаснење пожар во депонија во Визбегово
СледнаОфицијално почнува летото