Не е исклучена можноста со владината реконструкција да има и промена на ресорите, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој денеска рече дека оваа недела повторно ќе има средби и очекува тие да бидат завршени, а во текот на викендот да се формализира реконструкцијата.
– Оваа недела повторно ќе имаме средби. Очекувам тие да бидат завршени, а во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња и со останати специфики. Инаку, да постои опција и за промена на ресори. Разговарано е и за тоа, рече Мицкоски.
Досегашните разговори со коалициските партнери ги оцени како конструктивни.




