Под влијание на циклонска активност од Турција во деновиве до петок ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, утре претпладне се најавува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.




