дома Македонија „Стоп за Усје“ повикува на марш за чист воздух

„Стоп за Усје“ повикува на марш за чист воздух

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево повикува на марш за чист воздух и прекин на практиката на толерирање на застарени гранични вредности за воздухот.

Маршот ќе почне од Собранието во 18 часот, а ќе заврши пред Министерството за животна средина кое е задолжено за издавање на А-интергрираните дозволи.

Според „Стоп за Усје“, Цементарница Усје бара обнова на дозволата за работа без никакви промени во однос на дозволата од 2020 година.

Министерот за животна средина Муамет Хоџа неодамна во телевизиско гостување демантираше дека Цементарница Усје ќе добие дозвола по старите правила.

– По барање на МЖСПП, УСЈЕ уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат А интегрирана еколошка дозвола, изјави Хоџа за телевизија Телма.

 

ПредходнаБез вода дел од Центар
СледнаТоплински бран познат како „Омега блок“ ја погоди Европа. 18 мртви во Франција