дома Популарно Ќе се преговара и пијалоците да бидат опфатени со одлуките за намалување...

Ќе се преговара и пијалоците да бидат опфатени со одлуките за намалување на цените

78





Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе има состанок со производителите и дистрибутерите на пијалоци во државава со кои ќе дискустира за вклучување на овие производи во одлуките за поевтинување на производи што ги најави Владата.

„Очекувам да имаме позитивен ‘фидбек’ и од нивна страна и со наредна одлука, освен хемиските производи, да бидат вклучени и пијалоците во намалувањето на цените до 30 ноември“, рече Бектеши на прес-конференција во Владата.

На владината седница утре ќе се донесе одлука со која за минимум 10 отсто ќе се намалат цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, а референтна цена ќе им биде цената од 1 август годинава.

„Убеден сум дека од среда ќе има значително намалување на цените на производите што ќе бидат објавени утре по седницата на Владата“, рече Бектеши.

Производите што ќе имаат намалена цена ќе бидат обележани со ознака „гарантирана цена“.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПроизводите што ќе поевтинат ќе имаат означена цена во маркетите
СледнаСудењето за „Титаник“ ќе продолжи на 20 септември