Расте надворешниот долг на земјава. Најновите податоци што денеска ги сподели Народната банка покажуваат дека на крајот на првиот квартал од годинава бруто надворешниот долг изнесува 12,94 милијарди евра, што е зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на минатата година.

Најголем придонес во растот има јавниот сектор каде долгот е зголемен за 461,4 милиони евра и достигнал 5,9 милијарди евра.
Задолженоста кон странство е поголема за 280 милиони евра и кај приватниот сектор, при што најголем раст е регистриран кај капитално поврзаните компании и банките.
Паралелно со растот на долгот, се зголемиле и надворешните побарувања на земјата. На крајот на март тие изнесувале 8,14 милијарди евра, што е за 523 милиони евра повеќе во однос на претходниот квартал.




