дома Македонија 17 илјади помалку ученици во последните седум години

17 илјади помалку ученици во последните седум години

Во последните седум години бројот на ученици е намален за 17 илјади, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која вети дека со најавената оптимизација нема ниту еден наставник да биде отпуштен од работа.

– Свесна сум дека има реакции за оптимизацијата, но да повторам – никој нема да биде отпуштен од работа, порача министерката на прес-конференција на која се осврна на сработеното во изминатите две години.

Рече дека пред две години кога ја презеле функцијата затекнала сериозни проблеми во образованието.

Вети учебници на 1 септември, зголемена поддршка за учениците со посебни образовни потреби, повеќе стипендии и вработување за најдобрите студенти….

 

ПредходнаПочина Јован Павловски
СледнаФондот на ПИОМ уверува дека не се доведени во прашање ниту пензиите, ниту здравственото осигурување