Се заоструваат условите под кои ќе може да се вози електричен тротинет. Законските измени влегуваат во собраниска процедура, а со нив се предвидува тротинет да може да возат само полнолетни лица, а максимална брзината да биде до 20 километри на час.

Координаторот на прратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која е подносител на законските измени рече дека бројките се загрижувачки и дека во периодот од 2024 година до мај годинава, во пријавените сообраќајни незгоди учествувале 2352 возачи на мопеди, електрични тротинети и моторцикли. Од вкупниот број настрадани возачи на мопеди, електрични тротинети и моторцикли, 46 загинале, 585 се здобиле со тешки телесни повреди, а 1347 со полесни телесни повреди.
– Овие бројки загрижуваат и укажуваат на потребата од системска регулација на овие возила. Затоа со Предлог законот за изменување и дополнување на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, се врши дефинирање на лесно електрично возило. Оваа дефиниција завзема предвид за компаративните искуства на повеќе земји во регионот. Воедно, се врши суштинска интервенција во однос на дозволената брзина на движење на лесните возила, електрични возила, односно се предвидува максимална брзина до 20 километри на час согласно препораките на ЕУ, во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип на возила, рече Никола Мицевски.
За ограничувањето на возраста за управување со тротинет, Мицевски рече дека мерката е строга и висока, но дека е предложена со цел да се заштитат младите учесници во сообраќајот.
– Анализите на МВР покажуваат дека во повеќе од половината во несреќите со електричните тротинети, истите биле управувани од лица од 16 и 17 годишна возраст, нагласи Мицевски.
Ссе заострува и казнената политика за сторители на прекршоци, па покрај изречената глоба, се предвидува и привремено одземање на возилото, за возење на малолетен возач, пречекорување на дозволената брзина, превезување на друго лице или возење под дејство на алкохол, во времетраење од 30 дена.




