Деветнаесетгодишниот Саит Саитов е екстрадиран од Србија и спроведен во затвор во Скопје, информира попладнево Министерството за внатрешни работи.

Саитов беше баран со меѓународна потерница откако избега по сообраќајна несреќа во која со автомобил прегази жена во Скопје.
– Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година. На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка, информира МВР.




