дома Црна хроника Судењето за „Титаник“ ќе продолжи на 20 септември

Судењето за „Титаник“ ќе продолжи на 20 септември

66

Следното судско рочиште за случајот „Титаник” е предвидено да продолжи на 20 септември.

На денешното рочиште поголем дел од сведоците истакнаа дека остануваат на изјавите дадени на претходните расправи, а само двајца сведоци рекоа дека не се сеќаваат за дел од нивните претходни изјави.

Во предметот „Титаник“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.  



ПредходнаЌе се преговара и пијалоците да бидат опфатени со одлуките за намалување на цените
СледнаНа „акција“ ќе може да се продаваат и поевтинетите производи, но ако причина е рокот на траење, тоа ќе мора да се наведе