Продукцијата „Авалон“ најави дека македонската пејачка Дина Јашари и нејзиниот бенд ќе го отворат концертот на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“. Македонската публика ќе има можност да ја чујат легендарната музичка група на 2 јули во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

– Дина е едно од највозбудливите и најавтентични имиња на новата македонска музичка сцена, артистка која со својот уникатен звук, харизма и авторски печат успеа да ја освои публиката и критиката низ регионот и Европа. Овојпат, Дина, заедно со својот одличен бенд, ќе ја загрее сцената за еден од најголемите и највлијателни бендови на сите времиња, актуелен и денес – велат од продукцијата.




