дома Македонија Политика Партиските пазарења за реконструкција на Влада е во тек, и отчет...

Партиските пазарења за реконструкција на Влада е во тек, и отчет за сработеното

 

Останува и дилемата , според кој вредносен систем партиите ќе ги бираат новите кадри, кој е за министер , а кој за директор или останува онаа познатото, овој е наш, овој идеше на митинзи, овој лепеше плакати и носеше транспаренти   и донираше за партиската каса.За ова нема дебата.

Додека во тек се разговорите за реконструкција на Владата, дел од министрите од ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет за сработеното за две години. Изминативе денови тоа го сторија министрите за образование, за култура, за надворешни работи, за финансии, а денеска тоа треба да го сторат министерот за внатрешни работи и за дигитална трансформација.

Кој од министрите ќе ја напушти фотелјата, а кој ќе биде прераспределен во друг ресор засега нема официјална информација. Најавите се дека преговорите треба да финализираат до средина на следнава недела поточно до вторник кога би требало седница да одржи Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.

Проблем со ЗНАМ

Преговорите со ЗНАМ се уште траат, а оттаму велат дека сите опции се отворени. Нагласуваат дека направиле анализа на сите нивни функционери и дека сите работеле во рамки на спроведувањето на владината програма. Неофицијалните информации говорат дека ЗНАМ ќе треба да го отстапи ресорот правда, а за возврат им е понуден ресорот земјоделство. Денеска, најавена е изјава и на лидерот на ЗНАМ кој ќе присуствува на панел дискусија на тема „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“.

ЗНАМ: Нема конечен договор, сите опции се отворени

Правда според неофицијалните информации, ќе го добие Вреди, а здравство и евроинтеграции одат кај ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за здравство кој доаѓа од редовите на Влен, вчера не откри дали ќе остане министер или ќе замине во друг сектор.

– Мојата кариера не ја почнав со политичка функција и не верувам дека ќе ја завршам со политичка функција, рече Алиу.

Алиу не открива дали ќе остане министер и кој ресор би го водел

Откако ќе финализираат преговорите, списокот со нови имиња треба да биде испратен во Собранието на усвојување.

Како и да е засега нема конкретни имиња, туку само партиите, кои небаре се непресушен извор на кадри. Никој не се пазари со квалитетот на кадрите кои се нудат за министри туку пазарот е  која партија колку ќе лапне од колачот наречен власт.

Останува и дилемата , според кој вредносен систем партиите ќе ги бираат новите кадри, кој е за министер , а кој за директор или останува онаа познатото, овој е наш, овој идеше на митинзи, овој лепеше плакати и носеше транспаренти   и донираше за партиската каса.За ова нема дебата.

ПредходнаТоплото време ја затвори најстарата нуклеарна централа во светот
СледнаНов земјотрес, со магнитуда од 4,7 степени по Рихтер ја погоди Венецуела