
По отчетот на министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за сработеното во изминатите две години откако ја презедоа власта, денеска отчет за сработеното ќе даде и коалицискиот партнер Влен.
Под мотото „ВЛЕН – 24 месеци работа: Транспарентност и отчетност“, коалицискиот партнер од албанскиот блок ќе го одржи отчетот во хотелот Холидеј ин со почеток во 13 часот.
Изминатите денови отчет дадоа повеќето министри од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои министрите за надворешни и за внатрешни работи, за финансии, за образование, за дигитална трансформација, за култура…




