дома Култура Кино под отворено небо во „Сити мол“ во Скопје

Кино под отворено небо во „Сити мол“ во Скопје

Со проекција на епскиот филм „Троја“ од 2004 година на 3 јули ќе со работа киното под отворено небо во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје. Во текот на целото лето, публиката ќе може да ужива во одбрана филмска програма секоја среда, петок и сабота, со почеток во 20.30 часот, во уникатниот амбиент на покривот на трговскиот центар.

И оваа година програмата ќе понуди посебни филмски настани. Еден од нив ќе биде и прославата на 10-годишнината од филмот „Џган“, со специјална проекција посветена на овој значаен македонски филм. Киното под отворено небо заеднички проект на „Сити мол“ и „Синеплекс“.

ПредходнаИ до четири часа за влез од Грција во Македонија на „Богородица“
СледнаД Фестивал го преврте Штип: Над 100 артисти, повеќе од 80 концерти