дома Македонија Гаши во Грузија на средби со државниот врв и учество на Пролетната...

Гаши во Грузија на средби со државниот врв и учество на Пролетната сесија на ПАБСЕК

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска и утре ќе биде во посета на Грузија. Посетата се реализира на покана на неговиот грузиски колега Шалва Папуашвили.

Гаши ќе има средби и со претседателот на Грузија, Микеил Кавелашвили и со премиерот Иракли Кобахидзе.

Во рамки на посетата, претседателот на македонското Собрание ќе се обрати и на Пролетната сесија на 67. Генерално Собрание на Парламентарното Собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК).

ПредходнаТоплинскиот бран се движи кон источна Европа. „Два најтешки дена се пред нас“
СледнаТој некогаш беше еден од најбогатите луѓе во Кина. Сега е осуден на 30 години затвор во САД.