дома Македонија Трансплантација чекаат 240 пациенти

Трансплантација чекаат 240 пациенти

Трансплантација на бубрег чекаат 168 пациенти, 37 пациенти чекаат трансплантација на срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Новото законско решение за органодарителство, надлежните го гледаат како голем исчекор кон здравствениот систем во државата.
     Секој полнолетен граѓанин, при посета на матичен лекар, ќе може да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител. Таа волја ќе биде евидентирана во системот, а граѓанинот ќе може во секое време да ја промени.
Пред да ја даде изјавата, избраниот лекар ќе има обврска да го информира граѓанинот за значењето на одлуката, за нејзините правни последици и за правото таа во секое време да може да се промени.
– Пристапот до овие податоци ќе биде строго ограничен, контролиран и евидентиран, што значи дека секој увид во системот ќе остава трага и ќе биде дозволен само за точно утврдени овластени лица. Дополнително, граѓанинот во секое време ќе може да ја промени својата одлука со нова изјава кај својот избран лекар, а важечка ќе биде секогаш последната евидентирана изјава, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу.
Новиот систем ќе почне да се применува од 1 октомври.

ПредходнаНевремето во МАкедонија се шири, пороен дожд и град на повеќе места
СледнаФилипче: Изборниот законик отвара сериозни сомнежи за регуларноста на изборите