дома Македонија Филипче: Изборниот законик отвара сериозни сомнежи за регуларноста на изборите

Филипче: Изборниот законик отвара сериозни сомнежи за регуларноста на изборите

Изборниот законик особено во делот на гласањето на дијаспората по електронски пат отвара сериозни сомнежи за регуларноста и легитимноста на изборниот процес, изјави денеска лидерот на опизициската СДСМ Венко Филипче.

          – Денеска, премиерот го слушнавме сите, рече би прифатил измени во поднесениот предлог за измена на Изборниот законик за сè и за сите наши забелешки, точки, освен за гласањето на дијаспората. Едноставно, најспорниот момент, премиерот инсистира да остане во законот. Токму овој начин на гласање на дијаспората, кој што го предлага Христијан Мицкоски да сè имплементира кај нас, не е ниту европски, не е ниту демократски, рече Филипче.

Укажа дека станува збор за модел што и многу поразвиени земји не успеале да го спроведат со соодветна контрола.

– Се предлага гласање на дијаспората по електронски пат, начин којшто се обиделе да го имплементираат многу поразвиени земји од нашата, како, на пример, Франција, и откако увиделе дека тоа не може да се спроведе како што треба, со соодветна контрола, тие тоа го повлекле, нагласува лидерот на опозицијата.

Според опозицијата, не треба да се има двојни аршини кон гласачите во изборниот процес, а токму тоа се прави со електронското гласање.

ПредходнаТрансплантација чекаат 240 пациенти
СледнаСилен дожд и град во Скопје