56-годишен обезбедувач загина во судири на забава во Есен, западна Германија, јавува ДПА.

Тројца мажи на возраст меѓу 40 и 48 години беа избодени со нож. Уапсен е 46-годишен маж осомничен дека сериозно ги повредил тројцата мажи со нож. Тој исто така беше повреден.
Според полицијата, на настанот присуствувале околу 150 луѓе . Рано наутро во недела, меѓу некои од нив избувнала тепачка.
Точната причина за смртта на обезбедувачот е под истрага. Тој ја изгубил свеста за време на судирите, но не бил вмешан во него.




