дома Локално Стабилното и топло време продолжува и во следниот период

Стабилното и топло време продолжува и во следниот период

Стабилното и топло време ќе се задржи и денес. Управата за хидрометеоролошки работи најавува сончево време со мала до умерена облачност претпладне, а попладне локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурите наутро ќе се движат од 8 до 19 степени, а во текот на денот од 28 до 36 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 34 степени.

Следува период на топло и стабилно време со дневни температури во пораст.

ПредходнаАЛКАЛОИД со сребрен медал од EcoVadis и со пласман меѓу најдобрите 15 % компании на глобално ниво
СледнаИран нападна ипогоди бродови во Хормуз, доаѓа американската одмазда