дома Магазин Шарлиз Терон ги „запали“ социјалните мрежи со фотографија топлес: Актерката целосно гола...

Шарлиз Терон ги „запали“ социјалните мрежи со фотографија топлес: Актерката целосно гола само со дијаманти на себе

Холивудската актерка Шарлиз Терон ги „запали“ социјалните мрежи со фотографија што ја објави додека се подготвуваше за забавата по светската премиера на „Одисеја“ во понеделникот. Актерката објави фотографија на Инстаграм на која седи на кревет топлес, покривајќи ги градите со рацете.

На фотографијата, 50-годишната актерка позира само со големи дијамантски обетки од брендот „Глен Спиро“ и впечатлив црвен кармин, а токму оваа едноставност дополнително ја истакна целата глетка.

 

 

По фотографирањето Шарлиз се пресоблекла во прекрасна црвена тоалета и се упатила кон забавата по премиерата во лондонскиот клуб „Освалдс“ во квартот Мејфер, каде што се дружела со остатокот од екипата.

За таа пригода атрактивната актерка избрала смела креација од модната куќа „Живанши“. Црвената тоалета имала отворено деколте и впечатливи набори на грбот, а дополнително ја нагласи нејзината фигура со длабок шлиц до бутовите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica)

Фустанотот го искомбинирала со високи црни потпетици, долги црни кожни ракавици и раскошни висечки обетки. По пристигнувањето на забавата, Шарлиз позирала пред фотографите, а нејзиното издание многумина го споредија со изгледот на филмските ѕвезди од златното доба на Холивуд.

Порано истата вечер, актерката блеснала на црвениот тепих во Лондон на премиерата на филмот „Одисеја“. Таму, таа носела црн кадифен фустан со драматични бели ракавици, а вниманието повторно го привлекол шлицот на креацијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica)

Во филмот „Одисеја“ на Кристофер Нолан, Шарлиз ја игра Калипсо, а на премиерата присуствуваше ѕвездената екипа, меѓу кои Зендаја, Том Холанд, Ен Хатавеј, Лупита Њонго, Бени Сафди, Џон Легуизамо, Мет Дејмон со сопругата, Роберт Патинсон и Химеш Пател, како и режисерот Кристофер Нолан и продуцентката Ема Томас.

Филмот „Одисеја“ е базиран на античкиот грчки еп на Хомер „Одисеја“ и го следи грчкиот крал Одисеј кој се обидува да се врати дома кај својата сопруга Пенелопа по Тројанската војна, минувајќи низ бројни опасности.

„Одисеја“ веќе доби одлични оценки од филмските критичари.

Предходна4 грешки што треба да ги избегнете при пакување облека во багажот
СледнаНема да верувате како изгледа Џенифер Анистон кога е навистина заљубена! Фотографиите со нејзиното ново момче кажуваат сè