дома Локално Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната од 26 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Синоптичарите најавуваат период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

ПредходнаПочина поранешниот професор на Филозофскиот факултет, Денко Скаловски
СледнаЕксплозии во Иран. Нападите се полоши.Трамп- Иранците се злобни луѓе