дома Свет Балкан Пожар избувна на Крит, помага хеликоптер во гаснењето

Пожар избувна на Крит, помага хеликоптер во гаснењето

  Пожар избувна во селото Ини, во близина на Ираклион на Крит денес околу 11 часот по локално време.


Пожарот се развива далеку од куќите и инфраструктурата, а избувнал во трска и ниска вегетација и се проширил на земјоделско земјиште, објавува Катимерини.
Како што е објавено, мобилизирани се копнени и воздушни сили.
45 пожарникари и 11 возила учествуваат во гаснењето, а еден хеликоптер помага и од воздух.
Ситуацијата, сепак, се влошува од силните ветрови.
Тимот за истрага на пожарот во Ираклион излезе на местото на настанот за да ги испита неговите причини.

ПредходнаБУГАРКИ ПРОТЕРАНИ ОД БУДВА! Полицијата ги проверила преку Интерпол, откако биле откриени детали за нивното минато, им е забранет влез во Црна Гора.
СледнаВо Општина Битола заседаваше локалниот Совет за превенција, отворени повеќе проблемски теми